Никол Кидман се врати во времето: Актерката со минус 20 години (ФОТО)

На 54-годишна возраст, славната актерка продолжува да не’ инспирира како и пред две децении во екот на својата слава.

Сетот фотографии што Никол Кидман ги сподели на своите социјални мрежи зрачи со холивудски гламур. Стилистите ја истакнаа нејзината вита фигура, додека препознатливите, непослушни портокалови кадрици, на кои таа неодамна им се врати, ја покажаа нејзината природна убавина.

На првата слика, направена за американското издание на „Харперс базар“, Никол лежи на подот со раширени раце во златен фустан, кој е целосно проѕирен во долниот дел, со акцент на нејзините тенки, долги нозе.

Со оваа поставка, таа неодоливо потсетува на Венера, која ја нагласува целата убавина на женското тело и природните облини.

Во овој стил, пуштената коса остана на преостанатите фотографии, додека ништо помалку боженствените комбинации се менуваа: од светкав мини златен фустан, преку црн трендовски капут под кој актерката не носи ништо, до светкаво-сребрен тесен фустан и конечно живописна црвена свилена кошула-фустани.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.