Новата верзија на анимираниот класик „Кралот лав“ урива рекорди

„Кралот лав“ е еден од најисчекуваните филмови за 2019 година, a доказ за тоа се бројките што го следат објавувањето на првата најава

Едноминутната снимка објавена во петокот, која дава прв увид во филмот, беше отворена 224,6 милиони пати во првите 24 часа, што е нов рекорд за студиото „Дизни“. Апсолутниот рекорд е во сопственост на „Одмаздници 3“ на „Марвел“, чиј трејлер имаше 238 милиони прегледи за период од 24 часа.

Ова е најновиот римејк на „Дизни“ во форма на фотореална анимација, а следи по големиот успех на „Убавицата и ѕверот“. Студиото ги најави и новите верзии на „Дамбо“, „Аладин“ и на „Мулан“.

Режисерот Џон Фавро им ги додели главните улоги на Доналд Гловер (Симба), Бијонсе (Нала) и на Чиветел Еџиофор (Скар), а Тимон и Пумба се Били Ајхнер и Сет Роген. Премиерата е закажана за јули 2019 година.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време