Јапонски метод на пакување подароци што го полуди светот: Креативно, лесно и без неред!

Техниката се вика фурошики

Пакувањето е готово е за секунда и не се потребни лепливи ленти, врвки, панделки и слично

Целиот свет полудел по овој традиционален јапонски метод на пакување подароци, а посебен е по тоа што е еколошки прифатлив и не е потребна хартија за виткање. „Фурошики“ на јапонски значи „крпа“, а токму тоа ви треба за најпосебните новогодишни подароци.

За да го одбегнете фрлањето парчиња неискористена украсна хартија по пакувањето подароци, оваа година пробајте го овој генијален метод на виткање подароци.

Она што е посебно кај овој традиционален јапонски метод е тоа што се користат парчиња текстил, крпи, чаршаф или стара облека наместо хартија за виткање, и тоа на неверојатно креативен и посебен начин.

Идејата потекнува од јапонскиот период Едо (околу 17-ти век) кога древните Јапонци ги пакувале своите предмети со оваа техника во јавните тоалети за да не им се измешаат со работите на другите граѓани. Токму затоа користеле „фурошики“, таканаречена ткаенина за бањање, слична на пешкирите од поинаков материјал.

Секој од вашите најблиски, пријатели, семејство или партнер, ќе добие свој персонализиран подарок и тоа ќе им покаже колку ви значат.

Пакувањето е готово за секунда и не се потребни лепливи ленти, врвки, панделки и слично, така што личноста на која сте ѝ дале подарок може повторно да го искористи својот „фурошики“ за некој друг подарок и истовремено да направи нешто добро за околината.

Во следното видео може да видите како да го спакувате кој било подарок со методот фурошики.

Ако сакате вашиот подарок да биде уште поуникатен, може да ги обоите ткаенините со бои за текстил или со акрилни бои. Оживејте ги со божиќни мотиви, натписи и разни шари.

View this post on Instagram

. 日本人が大切にして来た包むと言う事。 忘年会や年末のご挨拶にも使える、風呂敷での粋なボトルの包み方をご紹介させて下さい😉 2枚目 用意するもの ボトル、風呂敷、輪ゴム3つ 3枚目 風呂敷の中央にボトルを置く 4枚目 風呂敷の端をボトルの高さに合わせて内側に折る 5枚目 折った部分を屏風だたみにし輪ゴムで留める 6枚目 反対も同じ様に 7枚目 両端の布を後ろでクロスして前へ 8枚目 前で輪ゴムで留めます 9枚目 左右共に風呂敷の端を輪ゴムへ半分入れます(花の葉の様な役割になります) 10枚目 完成です(o^^o) . やってみると非常に簡単です! ホームパーティなどの差し入れにも! . #furoshiki#japaneseculture#風呂敷#粋な包み方

A post shared by 齊木由香 (Yuka Saiki) (@saiki_yuka) on

View this post on Instagram

13 sleeps to go until Christmas! ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ Today's FLASH SALE on now until Friday at noon: use code XMAS3SS to get 25% off all organic cotton, reusable #fabrap 3-packs. In the 3-packs you get the style of your choice in S, M and L sizes. ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ Shop the link in the profile! Happy FabRapping!⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ .⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ .⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ .⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ .⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ #cooltobeconscious #sustainabledecor #christmaspresents #buylessbuybetter #consciousconsumer #givegoodgifts #sustainablestyle #zerowastecollective #zerowastechristmas #fabricwrapping #furoshiki #handmadedecor #ethicallymade #christmasdecorating #zerowastehome #organiccotton #ecofriendlygifts #zerowasteuk #zerowastegermany #pinterest #sustainablechristmas #tellyourstory #givebeautifully #sustainablegifts #reusable #tellyourstory

A post shared by FabRap Gift Wrap (@fabrap_) on

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време