10 ситуации во кои добро е да се обратите на психолог

Психологот може да ви помогне да ги надминете моменталните животни проблеми

267

Одењето на психолог повеќе не е табу тема

Кога ќе се спомене зборот „психолог“ прва претпоставка е дека постојат некакви проблеми. Покрај тоа што психологот може да ви помогне да ги надминете моменталните животни проблеми, прочитајте ги и следниве ситуации во кои советот од психолог би можел многу да ви помогне…

1. Кога не можете да пронајдете решение за моменталните животни околности, чувствувате дека немате доволно поддршка од другите и сакате преку разговор да дојдете до решение.

2. Кога чувствувате дека веќе долго време сте нерасположени или незадоволни поради моменталните животни околности.

3. Кога чувствувате бес, лутина или омраза и мислите дека никој не ве разбира.

4. Кога ве мачат проблеми кои не можете да ги споделите со никого или немате со кого да разговарате.

5. Кога чувствувате дека ви станува сè потешко поради проблемите и поради тоа се наоѓате под голем стрес.

6. Кога не можете лесно да заспиете навечер или ве мачи несоница, па се чувствувате исцрпено поради претераното размислување.

7. Кога чувствувате страв од иднината и сето тоа што таа го носи со себе.

8. Ако мислите дека не сте доволно сакани или немате добра комуникација со другите луѓе, членовите на семејството, пријателите, партнерот…

9. Кога ќе почувствувате дека ви недостасува самодоверба, верба во себе или се чувствувате несигурно.

10. Кога донесувате важни одлуки – Постои голем број вообичаени животни ситуации и околности во кои не сме секогаш сигурни дали постапуваме правилно и не знаеме каква одлука да донесеме. Тогаш би можеле да ни помогнат советите на психолозите за да сфатиме што е најдобро за нас, бидејќи тие како објективни набљудувачи, можат пореално да ги согледаат работите. Преку разговорот можат да укажат на решенија за кои и самите не сме свесни или не ги гледаме моментално.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.