Омилената боја открива многу за вашата личност, но и какви сте во кревет

Внимавајте која нијанса ја сакате

388

Во спектарот на бои, секој се определува за својата омилена, а токму таа може да каже многу заодредената личност, па и каква е во креветот.

Сина

За овие лица сексот е уметност. Истенченоста е особено изразена кај мажите кои се однесуваат како пијанисти во креветот. Внимателно го истражуваат телото на жената и ги ослушуваат нејзините потреби. Жените се исто така великодушни и нежни, а во предиграта уживаат исто како и во самиот сексуален чин.

Сива

Вљубениците во оваа боја се неодлучни и несигурни љубовници. Многу тешко се врзуваат. За нив сексот не е возбуда туку начин да ја задоволат потребата, поради што лошо се согласуваат со партнери што имаат друга омилена боја.

Портокалова

Лицата на кои им е омилена оваа сончева боја сакаат да ги остварат своите сексуални фантазии. Со валкано шепотење на перницата ја поттикнуваат фантазијата на партнерот. Нежноста и предиграта се многу важни за време на сексот. Тешко си признаваат незадоволство со партнерот и доста им е лесно да одглумат оргазам.

Фото: Shutterstock

Црвена

Земајќи предвид дека оваа боја симболизира страст, лицата што ја сакаат сзнаат да уживаат во сексот. Имаат поагресивен пристап кон спротивниот пол, а ако изградат партнерски однос со лице на кое исто така му е омилена црвената боја, креветот ќе им биде полн со експерименти на заемно задоволство.

Зелена

Оние што ја сакаат зелената се верни партнери, а во сексот се полни со нежност. „Зелените“ жени секој сексуален однос го доживуваат како прв, а мажите се полни со разбирање, подготвени да ги исполнат желбите на партнерката.

Розова

Погледот на жена во розово претставува поглед на кокета и заводница. Жените што ја сакаат оваа боја понекогаш ветуваат повеќе одошто имаат намера да дадат. Во сексуална смисла се незрели и сакаат да си поигруваат со мажите. Мажите што сакаат розово се склони на често менување партнерки, а со задоволство се впуштаат во афери со жени кои штотуку ги запознале.

Извор: cosmopolitan.rs

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време