Како да се справите со љубоморниот партнер?

Љубомората во врските е во ред кога е во рамките на нормалата

268

Проблемот настанува кога здравата љубомора прераснува во опсесивна

Ако партнерот бара да му го посветите сето ваше време, ви го проверува телефонот и слично, време е да го преиспитате вашиот однос. Посесивноста секогаш завршува лошо и на крајот дефинитивно доведува до незадоволство кај обата партнери и љубовта постепено се гаси.

Знаци кои укажуваат дека вашиот партнер е претерано љубоморен:

  • Повеќе сака да бидете сами и се чувствува несигурно во друштво на вашите пријатели.
  • Ве контролира.
  • Ви кажува што да правите.
  • Бара постојано да бидете во контакт.
  • Ги следи вашите активности на социјалните мрежи.
  • Постојано сака да знае каде сте и што правите.

Доколку ги покажува сите овие симптоми:

Време е за разговор

Да бидеме искрени! Вистинското време за разговор одамна поминало, но уште не е доцна. Додека разговарате во врска со тоа зошто вашиот партнер постојано ве проверува, обидете се да одите чекор понатаму и да поразговарате за емоциите. Ваквите разговори најдобро е да ги водите со ладна глава, кога страстите ќе се смират малку.

Откријте ја причината за љубомората на партнерот

Обично постои оправдана причина поради која вашиот партнер чувствува љубомора, затоа неопходно е да истражите што ја предизвикало. Љубомората честопати е последица на несигурноста, а со тоа можете да се справите, ако обајцата се обидете. Не обидувајте се да ги потцените, негирате или исмејувате стравовите на партнерот. Мирно сослушајте го и обидете се заедно да дојдете до правилен заклучок и решение.

Покажете ја вашата љубов

Ако веќе сте се увериле дека вашиот партнер има проблеми со довербата, покажете му љубов за да го уверите дека се грижите за него. Тоа можете да го направите со зборови, дела, допири, но и со поглед.

Заедно поставете граници

Обидете се да дознаете од што се плаши најмногу вашиот партнер и поставете граници, односно пронајдете компромис. На пример, можете да се согласите постојано да бидете во контакт со партнерот, но преку СМС пораки. Мора да дефинирате што е „премногу“ за вас или за вашиот партнер и обидете се да се придржувате до договореното, барем додека не го уверите дека навистина се грижите за него.

Секако, обрнете внимание на тоа колку љубомората на партнерот го ограничува вашиот живот и слобода. Не дозволувајте нечија несигурност да ви го попречува развојот и секојдневните активности.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.