Експертите ја откриваат единствената причина зошто мажите изневеруваат

Ако Бијонсе била изневерена, што останува за нас обичните жени?

723

Бред Пит и Џенифер Анистон, Бијонсе и Џеј Зи, Викторија и Дејвид Бекам… Кога станува збор за неверствата на познатите личности, постојано се прашуваме „Зошто тој би ја изневерил неа?“

Освен тоа што ни ги рушат сите романтични фантазии за совршениот брак, ваквите случаи ни будат и гнев, бидејќи мислиме дека ако неа ја изневерува сопругот, тогаш што останува за нас обичните жени?

Но, ваквото размислување е погрешно, бидејќи неверството нема никаква врска со тоа колку луѓето се привлечни, секси или славни. Експертите тврдат дека луѓето најчесто изневеруваат поради недостатокот на поврзаност во односот. Повеќето луѓе не се свесни колку е важно да се негуваат односите и да се предизвикуваат нови емоции во врската. Секогаш можеме да наидеме на искушение (особено во светот на славните), но ако партнерите се поврзани и вљубени, никој од нив нема да има потреба да изневерува.

Истражувањата покажале дека 7% жени и 8% мажи изневерувале поради сексуално незадоволство, поголема бројка изневерувале поради недостаток на емоционална поврзаност или комбинација од недостаток на емоции и секс.

Токму така Џеј Зи го објаснил неговото неверство. Поради лошите искуства во детството, тој се затворил емоционално и многу му било тешко да се поврзе со неговата партнерка. Тоа уште еднаш докажува дека не е сѐ до физичката привлечност.

Постои уште една заблуда дека врската на вљубените парови функционира совршено. За да се одржи квалитетот на врската потребно е време, енергија и вложување. Само така ќе може да опстои љубовта. Ѕвездите само се соочуваат со дополнителни предизвици, бидејќи постојано се на патувања, одвоени од нивните втори половини.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време