Само една чаша од оваа напивка ќе ви даде енергија за цел ден

Идеално смуди за појадок

232

Нема да ви требаат многу намирници за да ја подготвите оваа напивка

Смудито е многу популарна напивка во која можете да ставете и овошје и зеленчук, а сепак да биде вкусна. Веќе е познато дека смудито го забрзува метаболизмот, но и го поттикнува разградувањето на масните клетки. Хранливо е и освежувачко, а може да биде и одличен сојузник во борбата со килограмите.

Потребни состојки:
  • ½ шолја незасладено бадемово млеко
  • ½ замрзнати банани
  • ½ шолја замрзнати цреши (може и вишни или некое црвено овошје)
  • 1 лажица какао во прав
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер. Мешајте ги додека не добиете кремава текстура. Додајте бадемово млеко по потреба и според посакуваната густина. Смудито е совршената напивка за секој период од денот, а за неговата подготовка можете да ги употребите кои било намирници што најмногу ви одговараат.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време