Палачинки што не дебелеат: Омилениот појадок во здрава верзија

Не мора да се откажете од палачинките дури и да сте на диета

287

Станува збор за смеса од овес, кокос и просо

Палачинките се едно од оние јадења на кои никој не може да одолее, а кога сакате да изгубите килограми, тие можат да станат вистински порок! Наместо да ја занемарите вашата цел поради овој сладок појадок, пробајте ги овие палачинки што не дебелеат.

Смеса од овес, кокос и просо

Овесот, просото и кокосот се идеална комбинација, а кога ќе се промешаат добиваат ново руво на кое не можат да одолеат ниту најголемите љубители на здрава исхрана. Луѓето чувствителни на глутен најчесто го подготвуваат овој деликатес со безглутенско брашно.

Потребни состојки:
  • ½ чаша овесни снегулки
  • ½ чаша кокосово брашно
  • ½ чаша просо
  • прстофат сол
  • 1 лажица шеќер или мед
  • ½ прашок за печиво или лажиче сода бикарбона
  • 1 лажица безглутенско брашно
  • 2 јајца
  • 2 децилитри млака вода
  • 1 лажица масло
Начин на подготовка:

1. Сомелете ги овесот, кокосот и просото во мелник за кафе. Нека овесните снегулки бидат добро сомелени исто како и просото и кокосот. Соединете ја смесата со останатите намирници што се наведени погоре. Оставете ја смесата за палачинки да отстои 15-тина минути во фрижидер.

2. Загрејте масло во тавче, а при истурањето на смесата, внимавајте да не земате преголема количина, па палачинките да ви испаднат дебели.

3. Пржете од двете страни додека не заруменат. За филот можете да ја искористите омилената мачканица. Во случај да немате готова мачканица, какаото во прав во комбинација со мед ќе бидат одличен додаток во овој необичен и вкусен појадок.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.