Кајгана со зеленчук и со печурки: Менемен

Наместо со сирење или со сланина, пригответе малку поинаква кајгана

194

СОСТОЈКИ:

1 тиквичка

1 кромид

2 домати

2 свежи пиперки

200 г печурки буковки

4 – 5 јајца

2 големи лажици путер

малку маслиново масло

сол

мешан зачин

малку црн пипер

 

Пробајте и: Пченкарни мафини „Попај“

 

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Зеленчукот се сечка ситно и се става во тава за пржење, па се додаваат путерот и маслиновото масло, се пржи додека заруменат продуктите.

Откако добро ќе се испржи, се додаваат зачините, се промешува, потоа се додаваат и претходно изматените јајца.

Се промешува убаво за да се соедини зеленчукот со јајцата, па се пржи уште малку.

Се служи со јогурт, сирење, павлака.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време