Што се наследува од мама, а што од тато…

Што се наследува од мама, а што од тато…

SHARE

deteДоблести како чесност и интегритет е поверојатно да бидат наследени од мајките додека храброста и мрзеливоста се сметаат за наследство од татковците, пишува Сандеј експрес, повикувајќи се на резултатите од истражување направено во Велика Британија.

Целта на истражувањето на Red Bull TV била да утврди како Британците сметаат дека им влијаат нивните родители.

Истражувањето открива дека татковците им пренесуваат на потомците академски талент, интелект, спортскиот талент, но исто така и гнев, лоши навики и нетрпеливост.

Од мајките е поверојатно да бидат наследени страста кон животот, ентузијазмот и расеаност, како и склоноста кон анксиозност и несигурност. Жените исто така влијаат на свесност за стил на потомците.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор