Како да им приредите незаборавна новогодишна вечер на своите малечки

Како да им приредите незаборавна новогодишна вечер на своите малечки

SHARE

Boy and girl celebrating New Year's Eve

Сте деца им се радуваат на новогодишните и божиќните празници. Накитената елка, украсите во домот, богатата трпеза, слатките, и најважно од се’ – подароците, имаат магнетна сила врз нив, па затоа еве неколку совети како да им приредите незаборавна новогодишна вечер на своите најмили!

1. Дотерајте се

Што ако бидете сами дома и никој друг не ве гледа? Тоа не е важно, важно е дека тие моменти ќе останат во вашите сеќавања.

2. Светки

Малите деца ги обожаваат. Можеби куќата ќе биде во хаос, но еднаш во годината е Нова година.

3. Обезбедете некој предмет или инструмент кој прави врева

Децата ќе уживаат, а соседите најверојатно ќе ве разберат.

4. Капи за забава

Бидејќи забава без соодветна капа не е вистинска забава.

5. „Шампањско“

Малите деца сигурно нема да издржат до полноќ и ќе заспијат. Но, тоа не е пречка вие да го организирате одбројувањето и да се напиете нешто за да наздравите. На пример, сок од јаболко.

6. Новогодишна вечера

Колачи во облик на Дедо Мраз би биле посебно задоволство за децата. Потрудете се малку повеќе и подгответе свечена вечера за целото семејство.

7. Фотографирање

Не заборавајте да направите многу фотографии бидејќи децата можеби нема да се сеќаваат на прославата. Децата ќе уживаат во тоа, а и вие.

8. Дедо Мраз

Ова не смеете да го изоставите. Уште подобро е да почекате децата да легнат и додека не заспале да се појави дедо Мраз  (таткото, соседот) кој ќе им донесе подароци.

9. Задолжително да си подготвите колачи и за Дедо Мраз. И потоа да си ги изедете.

10. Уживајте во празничната магија

За децата нема подобар подарок од искрена љубов. Ако сакате нешто да им подарите, подарете им љубов, секој ден, па и на 31 декември.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор