„Жито Лукс“ ја проширува програмата „Нутри“ со нов леб и со бисквити

„Жито Лукс“ ја проширува програмата „Нутри“ со нов леб и со бисквити

SHARE

Познатиот бренд Нутри од Жито Лукс ги претставува новите Нутри интегрални и овесни бисквити и Нутри-лебот со 6 семиња.

1„Нутри-линијата се покажа како навистина посакувана и погодна, посебно за потрошувачите со специфични барања, и токму затоа ја прошируваме со нови производи, во сегментот бисквити и во сегментот леб. Покрај што се вкусни, со својата висока хранлива вредност се погодни и корисни за секого. Внесувањето доволна количина витамини, диететски влакна како и протеини, претставува основа за здравје и енергија низ целиот ден, а новите производи од Жито Лукс токму тоа и го нудат“, изјавија од компанијата.

Нутри-бисквитите со овесни снегулки и интегрално брашно се извор на витамини и минерали (витамини од Б групата, фосфор, магнезиум, калиум), како и извор на диететски влакна што придонесува за подобрена дигестија, одржување на правилна телесна тежина и други здравствени бенефити.

Интегралниот леб Нутри со 6 семиња е грижливо направен и содржи повеќе високо хранливи семиња: сончогледово семе, семе од тиква, ленено семе, сусам, просо и афион. Тој содржи големо количество растителни влакна и железо, ие извор на протеини, витамини  и минерали (Е, Б1, Б3, Б6, фолна киселина, калиум, магнезиум и цинк), кои што се природно застапени и оттука полесни за апсорпција од човековото тело.

Жито Лукс, како компанија со традиција и врвен квалитет, најстар и најголем производител на леб во земјава кој оваа година го обележува својот 70-годишен јубилеј, со новите производи уште еднаш покажа дека ги следи најсовремените трендови, со цел да остане верна на потребите на потрошувачите.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор