Зголемете го факторот на гламур со помош на металик-парчиња

Зголемете го факторот на гламур со помош на металик-парчиња

SHARE

Време е за одбирање на гламурозниот стајлинг.

Со празничната сезона се менува и фокусот на модата, а во прв план овој пат се монистри и сјај. Металикот станува неизоставен дел на стајлингот, така што секој ден до крајот на 2017 може да биде „ден за забави“.

Овие се впечатливи парчиња кои се сметаат за избор за „посебни пригоди“,  бидејќи може да експериментирате со секојдневниот изглед. Денес апсолутно се’ е прифатливо, бидејќи е битно да го искажете својот уметнички и личен вкус. Модерните дами може да ги видиме во металик-панталони, сукњи, капути, чизми и други парчиња, кои ги збогатуваме со модни додатоци кои изгледаат совршено во овие светливи нијанси.

Најдобра работа кај металикот е што и наједноставниот изглед може да го направи гламурозен и елегантен. Инспирацијата ве чека во галериите, дали сте подготвени за металик модно патување?

Текст. А. Велјановска

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор