Промените на секретот за време на месечниот циклус што се нормални

Промените на секретот за време на месечниот циклус што се нормални

SHARE

Овие промени се потполно нормални и не се причина за паника.

Неколку дена по менструацијата
Нивото на естроген и прогестерон е многу ниско, па секретот веројатно ќе биде многу мал или воопшто и нема да го имате. Исто така, можете да забележите и темнокафен исцедок, но тоа се само остатоци од крвта.

Седум до 10 дена пред овулацијата
Нивото на естроген повторно расте и здравиот секрет станува бел или матен, малку леплив и густ.

Овулација
Секретот станува попроѕирен и поводенест (по конзистенцијата сличен на белката). Исто така, ќе забележите дека е пообилен отколку во било кој друг период во месецот, затоа што нивото на лачење на естроген го достига врвот.

Објаснување на промените: ова ви се најплодните денови и затоа секретот им олеснува на сперматозоидите да дојдат до јајце клетките.

Две недели пред менструацијата
Нивото на естроген веднаш после овулацијата почнува да опаѓа и вашиот секрет повторно станува леплив и речиси бел или белузлав и заматен. Колку е поблиска новата менструација, нивото на хормони е се пониско.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор