П&О ОФТАЛМОЛОГИЈА: Што кога очите ги одбиваат контактните леќи?

П&О ОФТАЛМОЛОГИЈА: Што кога очите ги одбиваат контактните леќи?

SHARE

Одговара д-р Mарина Драговиќ, медицинска директорка на специјалната болница „Свети вид“.

Неколку пати се обидов да носам контактни леќи, но моите очи не ги прифаќаат. Дали денешната офталмологија овозможува нови можности за лицата како мене?

Доколку сакате да носите контактни леќи и доколку ви е кажано дека не сте добар кандидат за леќи или за ласер, склералните контактни леќи можат да бидат решение за вас. Овие полутврди контактни леќи со поголем дијаметар ги нудат истите предности како и конвенционалните леќи, вклучувајќи појасен вид, подолг период на носење, полесно ракување и помал ризик од компликации.

Зошто се викаат склерални?

Затоа што наместо покривање на само дел од рожницата, овие големи леќи ја покриваат целата површина на рожницата, но и дел на белката (склерата).

Поради својата големина, постабилни се на окото во споредба со конвенционалните леќи, па помала е можноста за нивно испаѓање. Го даваат истиот комфорт како и меките леќи, особено при осетливи очи или ирегуларни рожници. Поволни се и за лица што активно се занимаваат со спорт и кои се изложени на прав.

Кои се нивни други бенефиции?

Станува збор за посебен вид леќи направени токму по мера на вашето око, чија спецификација ја одредува офталмолог во нашата болница. На тој начин се постигнуваат најдобар квалитет на видот, комфор и здравје на окото. За одредување на мерките на склералните леќи се користат посебни, автоматизирани апарати, кои вообичаено не се користат за одредување меки контактни леќи.

Специјална очна болница „Свети вид“, Добрачина 27, Белград, 011 328 37 37 и 069 328 37 37, www.svetivid.com

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор