Погледнете која пејачка е главна гостинка на концертот на Жељко Јоксимовиќ во...

Погледнете која пејачка е главна гостинка на концертот на Жељко Јоксимовиќ во Скопје

SHARE

Во сабота во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се случува вистински спектакл. Популарниот Жељко Јоксимовиќ доаѓа со уште еден во низата на успешни концерти во Скопје.

Но, едно од изненадувањата кое го најавија организаторите, „Прагма Продукција“, е ексклузивниот гостин на концертот, а тоа е српската поп дива – Јелена Томашевиќ.

Останати се само уште мал дел на билети, а поради огромниот интерес во продажба дополнително се пуштени М блоковите (М7, М8, М9).

Билетите може да се набават преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се” низ цела Македонија, во Пола Југотон, Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор