Ексклузивни фотки: Куќата на Цеца на Кипар

Ексклузивни фотки: Куќата на Цеца на Кипар

SHARE

 

Регионалната фолк-ѕвезда Цеца Ражнатовиќ во 2006-тата година купи луксузна вила на Кипар која со години и служи за летни одмори далеку од очите на јавноста, а како што и самата изјавуваше, за неа ова место претставува „оаза на спокојот“.

Фактот што на југоисточниот дел од овој остров речиси и да нема туристи од Балканот беше една од причините поради кои Цеца се вљуби во овој остров каде со години одмара покрај своите деца.

Куќата на фолкерката има 500 метри квадратни, украсена е со многу карактеристични приморски детали, а интересно е што во дворот е лоцирана и капела украсена со вредни, осветени фрески.Освен нејзината, на брегот на морето се наоѓаат уште само две вили.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор