Јас, јас па јас: Дали сме свесни колку сме нарцисоидни?

Јас, јас па јас: Дали сме свесни колку сме нарцисоидни?

SHARE

narcisi

Денес, сите сме по малку нарциси. Зар не? Кога би ѕирнала во вашите профили на социјалните мрежи, се обложувам дека на секој би нашла барем три селфи-фотографии. Ретки се оние што можат да му одолеат на овој тренд. Мене ми е навистина тешко. Меѓутоа, феноменот на самољубие е значително покомплексен од прчењето на Инстаграм.

Одамна почна сè

Терминот нарцис води потекло од грчката митологија. Постојат неколку верзии на митот за Нарцис, но најинтересна е варијантата на Овидиј од „Метаморфоза“, во која девојката, по одбивањето од страна на Нарцис, ги моли боговите да го казнат. Божицата Немезида го проколнува да се заљуби во сопствениот одраз во водата, па обидувајќи да го фати, Нарцис паѓа во езерото и се дави.

Егото на прво место

Состојба на вљубеност во која сета љубов е насочена кон сопственото его е најкоректна дефиниција на овој поим. Претераното восхитување на самиот себе, придружено со надмено однесување и немање разбирање за другите луѓе. Можеби не сум склона кон правење селфи, но неколку пати се имам фатено како им го наметнува своето ЈАС на другите. Кога бев мала, Земјината топка се вртеше околу мене во мојата глава, а таа лоша навика ја оправдував со карактерот – таква сум и готово! На 18 години, прекарот кралица на драмата звучи симпатично, но, како што старееш, таквото себично однесување може да има сериозни последици. Последниве неколку месеци, во моето опкружување се случија значајни промени, кои, меѓу другото, повлијаеја врз мене и врз моите планови за иднината. Без разлика на тоа што јас не сум повод за тие промени, дозволив во мене да ја разбудат заспаната кралица на драмата – како е возможно ова да ми се случува токму МЕНЕ, ова не е фер кон МЕНЕ, ЈАС не го заслужувам ова… Верувам дека и вие повеќе пати сте се нашле во ваква ситуација. Таквиот начин на размислување не дозволува објективно да ги согледаме околностите, па не успеваме да ја видиме целината од вистинскиот агол, а уште помалку им обрнуваме внимание на другите луѓе на кои можеби им се случуваат истите нешта. Јас, јас и само јас! Најтипичен пример за нарцисоидност, зар не?

За крај

Ако научите да ги препознаете лошите обрасци на однесување кај себе, ќе имате можност да ги коригирате. Имајте предвид дека границата меѓу самопочитувањето и деструктивната опседнатост со себеси е мошне тенка. Нема ништо лошо во тоа што на Нарцис му се допаднал сопствениот одраз, но има ли смисла што го загубил животот само затоа што не можел да го добие посакуваното?

Текст: Синиша Вујанов

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор