Главно јадење: Свинско рагу со брокули

Главно јадење: Свинско рагу со брокули

SHARE

Clipboard021

Состојки:

  • 800 г свинско месо
  • 3 главици кромид
  • 3 дл супа од зеленчук, од коцка
  • 3 дл бело вино
  • 250 г шампињони
  • 1 брокула
  • 3 жолчки
  • 1 лимон
  • 2 лажици брашно
  • 150 г ориз
  • 0,5 дл масло
  • мешавина од зачини
  • сол
  • бибер

Приготвување:

1. Месото се сече на покрупни коцки, кромидот се сечка ситно, а шампињоните на листови. Брокулите искинете ги на цветчиња.
2. На малку масло пропржете го кромидот за да биде стаклест, а потоа додајте го месото и него кратко пропржете го.
3. Ставете брашно, помешајте и налејте супа од зеленчук и бело вино. Варете на умерена температура додека месото омекне.
4. Пред крајот на варењето додајте ги шампињоните, брокулите и зачини по вкус, па продолжете со варењето уште 10 минути додека зеленчукот омекне.
5. Тргнете го од ринглата, додајте мешавина од жолчки и сок од лимон и измешајте.
6. Оризот обарете го во солена вода, процедете го и служете го како прилог.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор