Во козметичкиот оддел: Трикови што ги применуваат продавачите за да ги „намамат“ купувачите

Ви ги откриваме

Истражувањата покажуваат дека купувачите главно ги разгледуваат полиците одлево надесно

Принципот на организирање на рафтовите со козметички производи се базира на психологијата на навиките на купувачите, но и на маркетиншките трикови. Речиси сите козметички рафтови се организираат на овој начин:

Највисока полица Никогаш не е повисока од 152 см, бидејќи жените сочинуваат 80% од купувачите на производите за нега, а нивната просечна висина е 162 см.

Место за пласирање на производите Сите компании сакаат нивните производи да бидат пласирани на највоочливото место. Но тоа место обично е резервирано за популарните брендови или за промоциите на новите производи.

Препознатливи пакувања Многу супермаркети производите на најпродаваните брендови ги поставуваат на „стратешки“ места, така што муштериите веднаш знаат дека се наоѓаат во одделот за козметика.

Приврзаност на брендовите Жените се неверојатно лојални кога се работи за нега на кожата, па производите во парфимериите и во супермаркетите се сортираат според брендовите, а не според видот.

Долна полица Бидејќи средствата за чистење на кожата се основа на секоја нега и ги има повеќе отколку преостанатите козметички производи – обично се на долните полици.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.