Респиратори што спасуваат животи: Направени се од нуркачки маски

Надополнети со филтри

Досетливите луѓе евтините маски за нуркање ги претвораат во импровизирани респиратори, додавајќи им филтри, за да спасат што е можно повеќе човечки животи.

Такви примери има повеќе, во Чешка, Италија и во Белгија. Маските ги набавуваат од продавници за спортска опрема, а потоа ги дополнуваат со филтри и ги дистрибуираат низ болници и на други места.

Досега направивме 2.200 парчиња и оваа недела планираме да направиме уште 10.000“, велат чешките истражувачи.

Вработените на Одделот за инфективни болести велат дека маските се лесни за одржување, лесно се дише, можат да ги стерилизираат и да ги користат повеќе пати, а филтерот трае долго.

Тестирањата покажаа дека новиот пронајдок ја надмина заштитата од респиратори со најквалитетни филтри.

Слични маски направија и во Италија и во Белгија и се користат во болниците. На интернет исто така се појавија видеа со упатства по кои може да се направи адаптација на маските за нуркање.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.