Ниту Џејмс Бонд не е отпорен на корона!

Даниел Крег заразен!

Фото: Принтскрин

Коронавирусот сè уште кружи ширум светот, и ѕвездите сè уште стануваат жртви на заразата. Меѓу последните заразени славни личности е „Џејмс Бонд 007“ глумецот Даниел Крејг.

Даниел Крејг (54) во мигов е актуелен со познатата Бродвеј-претстава „Магбет“, според приказната на Вилијам Шекспир, во Њујорк со актерката Рут Нега покрај себе. Саботните настапи беа откажани.

„Денешните настапи – и дневните и вечерните, се откажани бидејќи Даниел Крејг доби позитивен резултат за Ковид. Се извинуваме за непријатностите предизвикани кај купувачите на билети, но безбедноста на нашата публика, глумци и тимот останува наш главен приоритет. Сите билети за откажаната претстава ќе бидат отплатени“, се вели во официјалното соопштение.

Глумецот со оваа претстава има ограничен 15-неделен ангажман.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.