Рецепт на денот: Пита со млад спанаќ

За 8 лица

Време е јадрите зелени листови од младиот спанаќ да ги искористите за приготвување раскошни домашни пити.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 400 г сирење фета
  • 200 г кашкавал
  • 125 г спанаќ
  • 180 г кисела павлака
  • 100 мл масло
  • 200 г брашно
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 100 г млад спанаќ
  • сол

Приготвување:

Во чинија се соединуваат издробеното сирење фета и крупно ренданиот кашкавал.

Се додаваат киселата павлака и маслото, па се ставаат изматените јајца и се меша.

На крајот се додава мешавина од брашно и прашокот за печиво и се става исчистениот млад спанаќ. Се меша за да се распоредат состојките рамномерно, а по потреба се додава малку сол.

Тркалезна тепсија се обложува со хартија за печење и во неа се излева смесата за питата. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, околу 45 минути, додека зарумени коричката.

Текст и фото: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.