Похувано пилешко месо од рерна

Главно јадење

За приготвување на овој вкусен специјалитет ќе ви бидат потребни 30 минути, а за печење 40 минути. Добар апетит!

За приготвување на јадењето, наместо пилешко, можете да користите мисиркино бело месо.

Состојки:
* 500 г пилешко бело месо
* 150 г инстант снегулки за компир-пире
* 50 г рендан пармезан
* 1/2 лажиче лук во прав
* 300 мл јогурт
* 2 чешниња лук
* 500 г компири
* 1 лажиче пипер
* црн пипер
* сол

* масло

Приготвување:
1. Пилешкото бело месо се сече на шницли, се посолува и запиперува по желба.
2. Во чинија се соединуваат снегулките за компир-пире, ренданиот пармезан и лукот во прав, па добро се меша.
3. Во посебна чинија се соединуваат јогуртот и пасираниот лук.
4. Пилешките шницли се макаат во смесата од јогурт, а потоа се валаат во мешавината од компир, лук и пармезан.
5. Тепсијата се обложува со хартија за печење и се намрсува. Во неа се редат шницлите и одозгора се попрскуваат со остатокот од смесата од јогурт. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека заруменат шницлите.
6. Компирите се лупат и се сечат на резанки, се посипуваат со пипер, се намрсуваат и се зачинуваат по желба. Добро се мешаат и се префрлаат во тепсијата. Се печат додека омекнат.
7. Печеното пилешко месо се послужува со прилогот од компири.

Текст и фото: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.