Ова се симптомите на новиот сој на коронавирус што се појави во светот: Ако ги почувствувате, изолирајте се 7 дена!

Симптоми на новиот сој на коронавирус

Се појавија нови соеви на коронавирус во светот и кај нас

Новите соеви на коронавирус „Ерис“ и „Фроникс“ се појавија на Балканот и според неофицијални извори, досега има повеќе од 1.500 заразени пациенти.

„Пациентите кои одат на работа мора да се тестираат. Доколку се утврди дека некој е позитивен на коронавирус, мора да ја почитува мерката за изолација од седум дена“, препорачуваат експертите.

Симптомите на двата нови соеви на коронавирус „Ерис“ и „Фроникс“ се:
  • блага температура
  • болки во грлото
  • повремена кашлица
  • секрет од носот
  • главоболка
  • слабост
  • млитавост
  • дијареја (во некои случаи)

Луѓето веќе знаат да ги препознаат симптомите на коронавирус, но тие симптоми најчесто се изнемоштеност, лачење секрет од носот, кашлица, покачена температура, главоболка, болка во мускулите.

„Ако покачената температура трае, болниот не може да стане од кревет. Ако кашла, забрзано дише и му недостига кислород, апсолутно треба да оди на лекар. Ако станува збор за постаро лице со тешка клиничка слика, исто така апсолутна да. Ако е младо лице со полесна клиничка слика, треба да се изолира дома неколку дена и никако не треба да зема антибиотици, заради развој на резистенција“, советуваат докторите.

Под закана – сите органи: Коронавирусот влијае на здравјето на усната празнина
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.