3 најубави есенски цвеќиња што ќе ви го красат балконот сè до декември: Издржливи се и отпорни на невреме!

Најубавите есенски цвеќиња

Есента е најубавото годишно време во кое мора да уживате максимално, а градинарското цвеќе само ќе ви помогне во тоа

Доколку ви венее цвеќето што сте го засадиле пролетта, време е да го замените со есенско цвеќе, кое е отпорно и силно, миризливо и прекрасно и во текот на постудените денови.

Нашиот предлог се:

Ден и ноќ

Некои ги викаат темјанушки, но најпознати се како ден и ноќ. Ова цвеќе е отпорно и многу добро поднесува промени на време. Ќе ви го развеселат денот, дури и ако врне дожд.

Хризантеми

Иако обично се поврзуваат со погреби, хризантемите имаат само една симболика во историјата – моќ. Ако сакате градината или терасата да ви изгледа прекрасно и шарено, засадете неколку видови хризантеми. Оваа есенска роза ќе трае долго и ќе ви ја краси градината.

Калуна

Калуната се одгледува многу едноставно. Станува збор за зимзелена грмушка со мали цветови во форма на ѕвона во различни нијанси. Не им е потребна посебна нега и бујно цутат од септември до првите мразови. Може да се садат од рана пролет до доцна есен. Најмногу им годат сончеви места и добро дренирана земја.

3 најубави есенски цвеќиња за на балкон или во двор: Цутат како луди на ладовина и без сонце!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.