3 најубави есенски цвеќиња за на балкон или во двор: Цутат како луди на ладовина и без сонце!
Совршени!
Септемвриски и октомвриски убавици
Цело лето уживавме во шарени, раскошни миризливи билки, но оние едногодишните досега веќе веројатно прецветале, додека на некои повеќегодишни сега треба да им се обезбеди потопло место за ладните ноќи што веќе настапија.
Сепак, тоа не значи дека вашата тераса или градина сега треба да бидат пусти – овие три прекрасни билки и понатаму можат да ви ги разубавуваат есенските сончеви утра!
1. Ден-ноќ
https://www.instagram.com/p/B7iDtV6HkXE/?utm_source=ig_embed
Овој цвет е совршен избор кога станува збор за рано есенско цвеќе. Дали сте знаеле дека цвеќето ден-ноќ може да преживее и на температури до минус 23 степени? Токму тоа го прави овој прекрасен цвет совршен за поладните денови и месеци што ни претстојат.
2. Ѕвездан
https://www.instagram.com/p/B5JGAyLgP0t/?utm_source=ig_embed
Оваа повеќегодишна билка расте во мали грмушки, претежно е со розова или виолетова боја, а можете да одберете помеѓу дури 170 видови! Изискува минимална нега и тоа дополнително го прави идеален избор на билка за рана есен.
3. Јапонска анемона
https://www.instagram.com/p/CFF0nl7lA9L/?utm_source=ig_embed
Идеална билка за местата во градината кои речиси секогаш се во ладовина. Станува збор за трајна билка со нежни бело-жолти цветови, иако може да се најде и во други бои, најчесто во нежнорозова. Елегантните стебленца на јапонската анемона можат да нараснат и повеќе од метар, а цутат од крајот на август до октомври.