Начинот на кој ќе ја одржите возбудата во живот и покрај последиците од пандемијата

Кога ја доживеавме нашата прва блокада пред една година, повеќето од нас се надеваа дека ќе се вратат на „старата нормала“ за неколку месеци.

Една година подоцна, сè повеќе сме несигурни дека ќе имаме нормално лето. Многу луѓе признаваат дека чувството на загуба им се провлече под кожата и дека секој ден е копија од претходниот. Но, иако е многу тешко да се биде оптимист во оваа ситуација, постојат начини на кои можеме да ја вратиме возбудата во нашите сопствени животи. Имено, експертите велат дека умереното фантазирање за нормална (или барем понормална) иднина носи позитивни промени во животот. Со оглед на тоа што мерките полека се олеснуваат, во моменти на страв и неизвесност, замислете се во блиска иднина со нешто порелаксирани и весели сценарија.

На пример, не е на одмет да се замислите на забава на отворено или на мал концерт. Дека фантазирањето за убави нешта е добра работа покажува и научно истражување од 2011 година кое покажало дека замислувањето носи поголема продуктивност, подобри резултати и мир во животот на поединците. Овие фантазии не треба да бидат нереални затоа што мора да бидете свесни дека никој не знае што нè чека иднината. Но, грижите, стравовите и црните предвидувања можат да имаат несакани последици по нашето ментално здравје. Затоа, ако сакате да се оддалечите од црни мисли, страв од неизвесност и да се справите со здодевноста, сонувајте за иднина каде сè ќе биде полесно. Исто така, експертите забележуваат дека сега е вистинското време да се фокусирате на:

  • Благодарност за сите работи што ги имате, како што се работата, пријателите, семејството и сите оние ситници што ви го разубавуваат денот.
  • Креативност за која сега имате време повеќе од кога било досега. Без разлика дали сте уметнички тип, креирајте со свои раце, пишувајте, уредувајте, фотографирајте, играјте со боење и слично.
  • Инспирирање на други луѓе. Инспирација секогаш можете да барате на Интернет и на социјалните мрежи и со помош на туѓи креации, направете свои.
  • Физичка активност и вежбање што сега можете да ги практикувате во спортски сали. Исто така, не заборавајте за сите придобивки од одење и престој во природа.

Прочитајте и: Издвојте минута за да дознаете кои сте: Психолошки тест кој без грешка открива што ви е најважно во животот!

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.