Билјана (13) маестрално ја одигра малата Дара од Јасеновац: „Оваа сцена најтешко ми падна!“

Сите ѝ предвидуваат голема кариера

Во филмот немало вештачки солзи, малата Дара навистина плачела

Целиот регион го изгледа филмот „Дара од Јасеновац“ и остана без текст – морничава која никого не го остави рамнодушен, а особено се истакна глумата на младата Билјана Чекиќ, девојчето што ја игра Дара.

Таа, гостувајќи во утринска програма открила дека е свесна во каков филм играла и додала дека сите со денови ѝ честитаат и велат дека се горди на неа.

„Сите се задоволни, драго ми е што го гледавме филмот, остави силен впечаток на мене, можеби дури и посилен одошто кога снимавме“, рекла Билјана и открила што ѝ паднало најтешко.

„Снимањето навечер, бидејќи не сум навикната да останува до доцна, но и емоционално тешките сцени. Кога го држам брат ми во прегратки и треба да го дадам“, раскажала Билјана со трепет во гласот.

Таа открила и дека за таа сцена немало вештачки, филмски солзи, туку вистински.

„Се натерав себеси да плачам. Јасно ми беше колку е тоа емотивно и потоа се соживеав со улогата и солзите само почнаа да течат.“

Билјана изјавила дека знаела за Јасеновац, поради прабаба ѝ која била однесена во логорот.

„И на училиште сме учеле и дома се зборувало за тоа. Прабаба ми и роднините биле во Јасеновац и тоа на некој начин ми помогна да ја одиграм оваа улога.“

Открила и дека во иднина планира да запише средно училиште:

„Сè уште не знам кое, но би сакала потоа да се запишам на Факултетот за драмски уметности.“

Дара не сакала да го остави брат ѝ ни по цена на сопствениот живот: Улогата на момчето што го трогна регионот ја крие оваа тајна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.