Дара не сакала да го остави брат ѝ ни по цена на сопствениот живот: Улогата на момчето што го трогна регионот ја крие оваа тајна!

„Душо моја, само тебе те имам“

Целиот регион беше трогнат од потресните сцени во филмот „Дара од Јасеновац“ кој се заснова на вистинити настани

Српскиот кандидат за Оскар, филмот „Дара од Јасеновац“ беше премиерно прикажан на Првата програма на Радио телевизија Србија.

Приказната за страдањето во озлогласениот усташки логор од Втората светска војна ги вознемири луѓето ширум регионот, кои порачале дека Дара е вистинска хероина.

Улогата на Дара Илиќ маестрално ја игра 13-годишното девојче Билјана Чекиќ, а многумина се запрашаа кој ја толкува улогата на 2-годишниот Буда Илиќ, од кого сестрата не сака да се одвои ни по цена на животот.

Како што се наведува, детето не го глумеле едно, туку три бебиња кои се менувале во текот на филмот. Бил направен кастинг и од сите бебиња била одбрана идентичната тројка од Херцег Нови – Лука, Симон и Јаков Шарановиќ. Лука бил „главниот“ актер и поминал најмногу време пред камерите, додека Симон и Јаков се менувале.

Дејството на филмот „Дара од Јасеновац“ се случува за време на Втората светска војна, во периодот по хрватско-германската офанзива на Козара, кога локалните жители завршиле во концентрациони логори. Меѓу нив е и 10-годишната Дара со нејзината мајка и двајца браќа. Не знаат ништо за судбината на таткото. Ужасот што ќе преживее преку Јасеновац до логорот Стара Градишка ќе направи Дара да порасне прекуноќ.

Мајката на Дара и постариот брат завршуваат убиени, а нејзина главна животна цел станува зачувувањето на животот на помладиот брат.

Многу деца од логорот Стара Градишка биле одведени во домови ширум независна Хрватска или биле сместени по фамилии, но голем број деца биле убиени или починале како последица на исклучително тешките услови за живот во логорот. Судбината на Дара е судбина на едно дете и преку неа е раскажана судбината на децата од Јасеновац.

Покрај Јелена Мур, во филмот играат и Вук Костиќ, Марко Јанкетиќ, Игор Ѓорѓевиќ, Наташа Нинковиќ, Билјана Чекиќ, Златан Видовиќ, Алиса Радаковиќ, Петар Ѓурѓевиќ, Ана Лечиќ, Сандра Љубојевиќ, Ања Станиќ Илиќ, Николина Јелисавац, Татјана Кецман и други…

Во продолжение погледнете го трејлерот за филмот…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.