Кога салото на стомакот ѕирка од сите страни: Направете го ова и наслагите ќе исчезнат за миг!

Еве го решението

Можеби вежбате и се храните здраво, но салото од стомакот и понатаму е тука – еве за што се работи…

Ако имате голем стомак, а внимавате на храната и вежбате редовно, тогаш дебелината не е причина за големиот стомак. Еве за што се работи и како да го решите тоа…

1. Стомак како „појас“ околу струкот

Во овој случај, маснотиите се видливи околу целиот струк.

Овој проблем може да настане како последица на:

  • прекумерна консумација на слатки, рафинирани јаглехидрати
  • алкохол
  • седечки начин на живот.

За да се ослободите од вишокот околу стомакот, морате:

  • променете ја исхраната
  • јадете повеќе јајца, немасно месо, свеж зеленчук, масни риби, ореви
  • редовно занимавајте се со спорт или барем повеќе шетајте на свеж воздух
  • намалете ја количината на алкохол.
2. Стомак од стрес

Во овој случај масните наслаги се локализирани околу папокот, додека самиот стомак е прилично испапчен.

Причините се:

  • постојан стрес
  • нередовни оброци
  • прекумерна консумација на кафе, нездрава храна (брза храна, чипс, грицки)
  • проблеми со цревата.

За да ја поправите ситуацијата, правете го ова:

  • регулирајте го сонот
  • умерена физичка активност
  • во исхраната вклучете намирници богати со магнезиум (мешунки, ореви, богат зелен зеленчук).
3. Спуштен стомак

Во овој случај, стомакот видливо се истакнува дури и кај луѓето со вита фигура.

Главните причини за овој проблем се:

  • неодамнешно породување
  • прекумерна физичка активност
  • недостиг на разновидна исхрана
  • лошо држење – искривен ‘рбетен столб

Ситуацијата можете да се поправи:

  • збогатете ја исхраната со влакна, лесни протеини и зелен зеленчук
  • вежби за ‘рбет
  • пијте повеќе течности
4. Подуван стомак

Ако стомакот наутро ви е рамен, а навечер подуван, тогаш можеби станува збор за следниве причини:

  • проблеми со цревата
  • алергиска реакција на одредена храна.

Проблемот можете да го решите со помош на:

  • од исхраната исклучете леб, тестенини, пекарски производи од квасец, преработени млечни производи, алкохол
  • јадете домашно месо, риба, свеж зеленчук и доволно вода
  • имајте обилен појадок
  • вклучете пребиотици и пробиотици во исхраната.
5. „Труднички“ стомак

Ако една година или повеќе по породувањето стомакот не ви се променил, причините за тоа може да бидат:

  • седечки начин на живот
  • ослабени мускули на карлицата или прерано почнување со тренинзи (недостиг од одмор по породувањето)

За да ја подобрите ситуацијата, доволно е да:

  • јадете рибино масло
  • вклучите јаткасти плодови и маслинки во исхраната
  • тренирајте ги карличните мускули (правете кегелови вежби)
  • откажете се од клекнувањата
  • дремнувајте преку ден.

Со помош на овие насоки, лесно ќе можете да влезете во форма.

5 главни виновници за таложењето сало на стомакот: Еве зошто никако не ви успева да ослабите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.