5 главни виновници за таложењето сало на стомакот: Еве зошто никако не ви успева да ослабите!

Совет на експерти

Вишокот маснотии на подрачјето на стомакот се смета за многу опасно по здравјето на срцето, а освен тоа, за многумина тоа е најголемиот кошмар, бидејќи не изгледаат воопшто привлечно.

Доколку сте пробале сè, а салото на стомакот никако да исчезне, можеби ги правите овие грешки.

Еве кои се најчестите причини поради кои се дебелеете…

1. Не знаете да се справите со стресот

Можеби ви звучи како лага, но стресот навистина предизвикува дебелеење. Целата таа анксиозност може да создаде вишок кортизол, хормон кој го поттикнува организмот да складира маснотии. Обидете се да правите пауза од неколку минути по еден час работа, фокусирајте се на дишењето и опуштањето на телото.

2. Јадете погрешни намирници

Не треба целосно да ги исфрлите јаглехидратите од исхраната, но треба да ги сведете на минимум. Доколку имате сало на стомакот, јадете повеќе протеини и влакна, кои се содржат во зеленчукот.

3. Пиете повеќе алкохол одошто е дозволено

Самиот по себе, алкохолот не содржи маснотии, но со неговата апсорпција се забавува метаболизмот, што го прави голем непријател за оние што сакаат да внимаваат на својата линија.

4. Не сте доволно физички активни

Салото од стомакот најефикасно се отстранува со правилна исхрана, но и вежбањето може значително да помогне. Воведете кардиопрограма, барем 2 пати неделно и ќе забележите како исчезнуваат килограмите.

5. Сте влегле во менопауза

За време на менопауза, на жените им се забавува метаболизмот. Масните наслаги околу половината на жените кои влегле во менопауза е реакција на телото на падот на хормонот естроген. Во менопауза се случува складирањето на масните наслаги од колковите да се помести на подрачјето на струкот. Меѓутоа, не треба да очајувате. Доколку правилно се храните и воведете физичка активност, салото од овој дел на телото ќе исчезне.

10 совети од нутриционист за брзо отстранување на масните наслаги од стомакот: Лесно е и секој може да го стори тоа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.