Српскиот актер Драган Јовановиќ на својот инстаграм-профил објави порака која ја воодушеви целата Србија.
Имам една магија како да помогнете, не трае долго, но значи многу. Потребен ви се глобус и средство за дезинфекција, може да биде во гел, а може и 70% алкохол. Ние ќе користиме гел и ќе нанесеме од неговата содржина на глобусот, посебно на местата што се заразени, односно, на кои е фрлена магија. За време на нанесувањето на гелот, многу е важно да изговараш: ‘Иш, иш, корона, иш!’, или ‘Чао, чао, вирусе, чао’ или ‘Марш, ковиду, марш!’. Потоа, вртете го глобусот и изговарајте ‘Љубов, љубов, достоинство, солидарност, чесност, правда.’ На крај, протресете го глобусот, пеејќи“, истакна актерот.
Видео: Инстаграм