ТРАГЕДИЈА: Од истата болест починаа трите најважни жени во животот на познатиот АКТЕР, а неговиот син ненадејно умрел на 16 години

Џон Траволта искрено: „Не знаев дали ќе успеам да ја преживеам трагедијата“

Трагедија по трагедија. Познатиот актер Џон Траволта доживеа многу трагични моменти во животот, поради кои подоцна се бореше со депресија. Три важни жени во неговиот живот починаа од истата болест, а потоа почина и неговиот син.

Никогаш не сум бил олку заљубен, мислев дека сакам и пред неа, но не било така. Бевме како двајца манијаци, кои разговараа без престан на снимањето. Еден месец подоцна, почнавме да излегуваме, изјави Џон Траволта за својата прва љубов, актерката Дијана Хиланд, која ја запозна во 1976 година на сетот на филмот „Момчето во пластиката“.

Набргу откако почнале да живеат заедно, но таа дознала дека боледува од рак на дојка. За жал, болеста доцна ѝ била дијагностицирана, па веќе се појавиле и метастази.

Бев со неа цела ноќ пред да умре. Ја држев, ја гушкав со часови. Секогаш чувствувам дека е тука некаде до мене. Отсекогаш го сакаше целиот свет за мене, изјави актерот за смртта на Дијана Хајланд, која почина во 1977 година на 41-годишна возраст.

Но набргу следувала втора трагедија. Една година по смртта на Дијана, починала мајката на актерот Хелен Сесилија Бурк, исто така од рак на дојка. Познатата актерка имаше 66 години. Хелен го доби својот син Џон со Салваторе Траволта, со кого имаше уште пет деца.

Џон Траволта подоцна изјави дека Скиентолошката црква, чиј член е самиот, многу му помогнала да се справи со смртта на неговата мајка. Скиентолозите ги следат многубројни контроверзии, а на нив им припаѓала и сопругата и колешката на актерот Кели Престон.

Траволта беше во брак со познатата актерка Кели Престон од 1991 година до нејзината смрт во 2020 година. Тажната вест ја објави на Инстаграм. Холивудската ѕвезда почина од рак на дојка, со кој се бореше две години.

Нејзината љубов и живот ќе бидат запаметени засекогаш, рече Траволта за својата Кели, која ја загуби битката со опасна болест на 57-годишна возраст.

Познатиот пар имаше три деца, ќерката Ела и синовите Џет и Бенџамин.

Најстариот син Џет бил роден со синдром Кавасаки, бил аутистичен и страдал од епилептични напади. Додека биле на семеен одмор на Барбадос, момчето удрило со глава во кадата и починало поради екстремно силен напад. Имало 16 години.

Вистината е дека не знаев дали ќе успеам да го преживеам тоа. Животот повеќе не ме интересираше, ми требаше долго време да закрепнам, изјави Џон за смртта на својот син.

Траволта денеска се грижи за најмладиот син Бенџамин (12). Ќерката Ела неодамна го прослави својот 22 роденден.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.