СИТЕ ПОГЛЕДИ ВПЕРЕНИ ВО НЕА: Кралицата во ТЕСНО ЦРВЕНО КОЖЕНО здолниште (ФОТО)

Целосен погодок!

Го носат сите европски принцези.

Холандската кралица Максима (51) беше во официјална посета на Маан-групацијата во Ралте, која е специјализирана за инженерство и развој на паметни биоразградливи производи.

Кралицата Максима за оваа пригода избра многу едноставно, но моќно издание, во кое централно место заземаа парчињата и модните додатоци во различни нијанси на црвената боја.

Таа веднаш им го привлече вниманието на присутните со смелата комбинација која зрачеше со ненаметлива елеганција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hmqueenmaxima

Под долгиот капут на Макс Мара, кралицата носеше свилена блуза со долги ракави и темноцрвено кожено здолниште од белгискиот бренд Natan, со ремен на половината и шлиц до коленото. На нозете обу кожени потпетици од Џанвито Роси во многу слична нијанса.

Инаку, станува збор за здолниште кое го носеше неколку пати во последните две години.

Кожените здолништа се популарен избор на дамите од различни генерации и статуси – ги носат модните инфлуенсерки, познатите пејачки и актерки.

Коженото здолниште (и фустан) е исто така чест избор на шпанската кралица Летиција.

Фото: Instagram (@hmqueenmaxima) 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.