Славниот пејач се прошетал во шарено здолниште низ улиците на Њујорк: Кога маж би се облекол вака кај нас, не би поминал добро!

Познатиот пејач во здолниште

Славниот пејач долго не можел да се пронајде, иако нижел само успеси во кариерата, но сега конечно е среќен покрај новиот партнер

Пејачот Сем Смит е петострук добитник на „Греми“, музиката што ја создава повеќепати е наградувана, а во 2016 година освои и „Оскар“ за музиката во филмот „Џејмс Бонд“. Меѓутоа, јавноста повеќе ја интересира неговиот начин на живот и контроверзиите што ги предизвикува околу себе.

Во 2019 година, 31-годишниот Сем откри дека се идентификува како небинарен и побара да му се обраќаат со заменката ТИЕ, наместо со ТОЈ. Своевремено, на социјалната мрежа Инстаграм напиша:

„По животот во војна со сопствениот пол, одлучив да се прифатам себеси таков каков што сум, однатре и однадвор.“

Зборувајќи за својот пол, Сем кажал:

„Не сум машко или женско, мислам дека сум некаде помеѓу“, па додал:

„Генерално, никогаш не сум размислувал за луѓето во толку дефинирани термини, пораснав во семејство каде што рамнотежата на моќта помеѓу половите беше комплетно изменета. Мајка ми работеше, а татко ми беше ‘домаќинка’, и моите сестри се неверојатни, силни жени.“

Сем моментално е во љубовна врска со модниот дизајнер Брендон Флин. Двојката била видена на улиците во Њујорк во специфичен стајлинг и така ги негираа озборувањата за нивното раскинување, кои настанаа по информацијата дека пејачот користи апликација за средби со славни личности, позната како „Раи“.

Претходно бил во врска со Кристијан Коуан. Двојката се запознала минатиот јануари, кога дизајнерот на облека соработувал со пејачот за костимите во негов музички видеоспот. Кристијан, чија клиентела ја сочинуваат ѕвезди од А-листа, како што се Леди Гага, Џенифер Лопез, Карди Би и Хајди Клум, ја потврдил романсата со Сем со бакнеж во јануари 2023, додека заедно се шетале рака под рака во Њујорк.

Додека пејачот носел сино здолниште до колена и широко сиво сако во комбинација со гломазни патики и кожена чанта преку рамениците, неговиот партнер се појавил во поскромно модно издание, со црна „бомбер“ јакна и широки панталони.

Покрај романсата со Брендон и Кристијан, Сем бил во врска и со моделот Џонатан Зејзел, кому му се заблагодарил што му го скршил срцето, бидејќи тоа го довело до 4 освоени „греми“ награди. По нивното раскинување тој се заколнал дека никогаш веќе нема да се вљуби во некој што не му ја возвраќа љубовта.

Дамијано Дејвид во мини-здолниште ја распамети публиката: Што е тоа кај овој маж што толку ги излудува жените?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.