Дамијано Дејвид во мини-здолниште ја распамети публиката: Што е тоа кај овој маж што толку ги излудува жените?
Хм...
Тој е „мачо“ во розово фустанче – дали тоа е воопшто возможно?!
Групата „Манескин“, која оваа година победи на Евровизија, веќе некое време е на европска турнеја, а моментално се во Париз.
Феноменот на овој бенд допрва ќе се истражува, но најголемо внимание привлекува нивниот фронтмен Дамијано Дејвид, кој често носи женски модни комбинации во кои изгледа неверојатно мажествено!
Сѐ уште никому не му е сосема јасно што има толку привлечно во згоден маж облечен во розово, со лакирани нокти и ајлајнер.
Овој пат Дамијано облекол мини, карирано здолниште под кое носел кошула. Другите членови на бендот носеле кошули и панталони.
„Манескин“ на официјалниот инстаграм-профил објавија неколку фотографии од настапот во Париз, а обожавателите оставаа коментари полни со пофалби:
„Дали е возможно да бидете поталентирани одошто веќе сте?“, „Останав без здив!“, „Ве сакам“, „Модни икони“, се само некои од коментарите под нивната заедничка фотографија.
View this post on Instagram
Погледнете некои од фотографиите на Дамијано, па кажете ни што ве привлекува најмногу кај овој маж?
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram