Свилата на кралицата Ранија ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ КАКО МАГНЕТ! (ФОТО)

Погледнете!

Ова е сè што сакаме од една блуза – да може лесно да замени и најелегантен фустан!

Јорданската кралица Ранија важи за една од најдобро облечените жени во светот, а неодамна при посетата на Вашингтон повторно ги воодушеви љубителите на модата со феноменално издание.

Таа присуствуваше на настанот National Prayer Breakfast International Lncheon во споменатиот американски град, а во согласност со пригодата, се одлучи за свечена, елегантна комбинација.

Нејзиниот префинет стил е добро познат, но Ранија секогаш наоѓа начин да додаде интересен шарм, нешто што го разликува од вообичаените, веќе видени комбинации.

Овој пат, убавата 50-годишна дама избра класично пенсил-здолниште во црна боја и со малку повисок струк, но она што ни го привлече погледот е нејзината прекрасна, ефективна блуза од дизајнерката Харит Хашим.

Оваа свилена блуза е во прекрасна млечно бела боја, а украсена е со пуфнати ракави и впечатлив детаѝ во виолетова боја, кој наликува на лежерно префрлена марама.

Кралицата ја комплетира комбинацијата со дијамантски обетки и класични црни салонки.

Дали ви се допаѓа ова издание?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.