СИЛУВАЛ И СОДОМИЗИРАЛ 21 ЖЕНА, ВКЛУЧУВАЈЌИ И МАЛОЛЕТНИЧКА ОД 15 ГОДИНИ: Жртвата во солзи поради судењето: „Ова е големо разочарување“

Монструм

А нeкогаш беше славна ѕвезда на филмовите за возрасни…

Рон Џереми беше сместен во државна душевна болница откако беше прогласен за „неспособен“ да му се суди заради повеќекратните обвиненија за силување и сексуален напад.

Џереми може да остане во болница до две години. Сослушувањето за неговиот напредок е закажано за 8 мај, изјави портпаролот на окружниот обвинител на Лос Анџелес.

Шеесет и деветгодишната порно-ѕвезда е обвинет за 30 точки за сексуална злоупотреба – по пријава на 21 жртва, некои на возраст од 15 години.

Обвинителите тврдат дека Џереми – роден како Роналд Џереми Хајат – врзувал некои од жените и ги силувал или содомизирал – и имал секс со други кои спиеле или биле во несвест.

Но, во јануари, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес, Роналд С. Харис, одлучи дека Џереми не е способен да помогне во својата одбрана, соопшти неговиот адвокат Стјуарт Голдфарб. Харис рече дека поранешната порно-ѕвезда страда од „неизлечив неврокогнитивен пад“, откако медицинските извештаи открија дека има деменција, дека е „некохерентен“ и страда од губење на слухот.

Неговата тешка деменција била утврдена со преглед на медицинските досиеја и интервјуа со Џереми.


Лиан Јанг, поранешна британска порно-ѕвезда, која се викаше Били Брит, го обвини Џереми дека ја нападнал на забава по повод Ноќта на вештерките на Сансет Стрип во 2000 година.

Таа била облечена во бикини во поранешната Куќа на блузот за време на забавата за Ноќта на вештерките во порно-индустријата, кога Џереми ја турнал на масата и насилно ја „пенетрирал“.

Според Јанг, тоа траело само неколку секунди додека се борела со Џереми. Јанг рече дека најмалку тројца други директори на индустријата го гледале нападот, но никој од нив не реагирал.

Тие само рекоа: „Тоа е Рон“, рече Јанг.

Откако  дозна дека на Рон нема да му се суди поради неговата ментална неспособност, Јанг рече дека се чувствува „вкочането“, додавајќи за ЛА Тајмс:

Тие беа свесни за неговата состојба пред да не’ вклучат сите нас. Беа свесни дека има деменција, па јас сум многу разочарана што не се осврнаа на тоа пред да не’ пуштат на ова емотивно патување на судењето кое траеше две и пол години, а во понатамошните коментари за Мирор, Јанг рече:

Навистина не можам да опишам со зборови колку сум лута. Правдата никогаш нема да биде задоволена. Тој можеше да биде изведен пред лицето на правдата многу порано, но Рон е создаден да биде тој крал кој е недопирлив, а неговите адвокати го одложија случајот. Повторно се почувствував злоупотребена и како пион во играта. Се почувствував како тениско топче од 200 милји на час да ме удрило во стомак.

Во август 2020 година, Џереми твитна:

Едвај чекам да ја докажам мојата невиност на суд! Ви благодарам на сите за поддршката.

Обвиненијата против Џереми вклучуваат 12 точки за силување, седум точки за присилно орално задоволување, шест точки за сексуален напад и две точки за пенетрација додека жртвата спиела или била во несвест, според Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.