Повторно беше донесена пресуда во корист на Бред Пит, но судењето со Анџелина продолжува поради… 

А што ќе се случува понатаму...

Фото: Getty Images

Холивудскиот актер Бред Пит ја тужи својата поранешна сопруга Анџелина Џоли поради имотот „Шато Миравал“, каде се произведува вино.

Имотот се простира на 1.300 хектари во Прованса, јужна Франција, а парот се венча таму во 2014-та година. Лозјето било многу профитабилно.

Врховниот суд во Лос Анџелес ги потврди тврдењата на Бред дека Џоли го продала својот удел без негова согласност, што таа се обидела тоа да го негира.

Тоа значи уште една судска победа на страната на актерот, бидејќи судот ги отфрлил наводите дека неговата тужба е „несериозна, злонамерна и дел од проблематична шема“.

Битката за винаријата досега се водела во судниците во Франција, Луксембург и Лос Анџелес.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.