И покрај неверојатниот успех, Бред Пит останал скромен: ОВОЈ разговор го приземјил за цел живот!

Останал скромен поради своето семејство

Неговото семејство го направило човекот каков што е денес

И покрај неверојатната успешна кариера наградена со бројни признанија и огромно богатство, Бред Пит важи за скромен човек. А заслугата за тоа што останал таков по толку години во забавната индустрија, актерот му ја припишува на своето семејство, но не на тоа што го имал со Анџелина Џоли, туку на тоа со баба му и дедо му.

Воопшто не е арогантен, многу е едноставен, велат тие што го запознале, па го сакаат не само обожавателите туку и колегите со кои работи. Луксузот и гламурот не му го имаат поматено разумот, тој е доволно скромен за да ги признае своите грешки, шармантен е и харизматичен. Пит знае како да го извлече најдоброто од себе, покажувајќи благодарност за сето тоа што му го донел успехот.

Кога му делат комплименти, Пит повторно скромно признава дека тоа не е негова заслуга – семејството го направило таков давајќи му реална перспектива за славата и успехот на филмот.

Така, во едно интервју, тој сиот свој успех му го припишал на дедо му. Се присетил на еден разговор со него пред многу години кога веќе нижел успеси, а кариерата му се движела по нагорна линија. Тој раскажал:

„Им се јавив на баба ми и дедо ми еден ден, а дедо ми кажа: ’Еј, гледавме твој филм’, ’Кој?’, го прашав, а тој ѝ викна на баба ми: ’Бети, како се викаше оној ужасен филм на Бред?’“.

Како се храни Бред Пит? Има 60 години, а изгледа како 30-годишен младич!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.