Препарати за подобро здравје на очите

Нездравата средина и постојаната работа на компјутер ги заморуваат очите и ги прават поранливи.

* Задолжително вклучете зелка во вашата исхрана! Таа ги содржи уникатните супстанции лутеин и зеаксантин, кои се неопходни за нашите очи. Најмногу ги има во спанаќот, блитвата, листовите од зелка, брокулата и прокељот.

* Многу е корисно да ги миете очите навечер со превриена изладена вода или со нежен млак раствор од чај. На уморни очи, особено ако се црвени, добро е да се ставаат облоги од камилица или мешавина од камилица, мирудија и нане.

* За зачувување на острината на видот и спречување разни болести на очите се користи мед. Четвртина лажиче природен мед разредете во една лажица вода. Капнувајте по две капки во секое око, два-три пати на ден. Растворот чувајте го во фрижидер не подолго од два до три дена, а потоа пригответе нов.

* Кога правите чај, не фрлајте ги веднаш ќесињата. Оладени ставете ги на затворени очи и држете ги пет минути. Ако го практикувате ова редовно, по една недела ќе видите дека кожата под очите ви е посветла, а очите бистри.

* Очите брзо се заморуваат поради недостиг од витамини и минерали. Пченични никулци ќе го реши овој проблем. Доволно е едно лажиче дневно и вашите очи ќе светат.

* Отокот на очните капаци можете да го намалите со консумирање магдонос, тиква и морков.

Текст: Марина Сепанова, офталмолог

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.