Познатиот заводник доведе дома 30 години помлада девојка, додека неговата бивша жена врие од лутина: Децата го сметаат за ѓубре!

А тој никогаш не бил поубав

Бред Пит почна да живее со 30 години помладата девојка, додека неговата поранешна сопруга е бесна како рис

Бред Пит не престанува да привлекува внимание со неговата љубовна врска со дизајнерката на накит Инес де Рамон, а заедно се од 2022 година. Двојката решила да ја подигне врската на повисоко ниво, па почнале да живеат заедно. Многумина шпекулираат дека се на чекор пред брак.

За Бред Пит често се вели дека е вистински среќник, бидејќи сè му оди од рака во животот, особено откако на суд ја победи поранешната сопруга Анџелина Џоли. Актерот неодамна се најде во центарот на скандалите откако се појави информацијата дека децата се откажале од него.

Имено, ќерка му се откажала од неговото презиме, додека синот го искажал своето лошо мислење за него. Пакс пред три години му упати навредлива порака на својот татко, а интересно е што таа беше објавена дури сега, поради што многумина помислија дека се води некаква кампања против актерот.

Анџелина и Бред Пит од самото раскинување не беа во добри односи, додека актерката неколку пати го обвини славниот заводник дека е алкохоличар, како и дека бил насилен кон неа и децата. Меѓутоа, некогашната дадилка на нивните деца открила дека, всушност, Анџелина била таа која пиела, како и дека децата биле надвор од контрола, што совевремено и Бред Пит се обидел да го спречи.

Додека Анџелина од петни жили се труди да докаже дека актерот не бил добар татко и сопруг, тој си го среди животот и процути. Многумина коментираат дека никогаш не изгледал подобро од сега кога наполнил 60 години.

Не е тајна и дека Бред Пит многу вложува во својот изглед, па неретко користи ботокси и третмани за подмладување на лицето.

И покрај неверојатниот успех, Бред Пит останал скромен: ОВОЈ разговор го приземјил за цел живот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.