Кога бирате алкохол, бирајте Џин – здрав е и помага во слабеење!

Џинот е лек на народната медицина

Џинот е алкохолен ликер произведен со дестилирање на бобинки од смрека

Доколку спаѓате во групата на љубители на џин, имаме одлична вест. Вашиот омилен алкохолен пијалок е всушност одличен за вашето здравје, а може да ви помогне и да изгубите тежина т.е. да ослабете!

По дефиниција, Џинот е алкохолен ликер произведен со дестилирање на бобинки од смрека. Смреката многу нутриционисти ја ставија на листата на суперхрана.

Лековитите својства на ова растение се познати уште од античко време, па можеме да заклучиме дека џинот е лек на народната медицина. Овошјето од смрека се користи во европската и индиската гастрономија, а алпските народи често го комбинирале со зелка и месо и на тој начин правеле традиционални специјалитети.

Бобинките од кои се прави Џинот помагаат при оток, астма, кашлица, вирусни инфекции, го штитат дигестивниот систем, го стимулираат потењето и ја чистат крвта и црниот дроб. Подолу можете да прочитате нешто повеќе за здравствените придобивки од Џинот.

  • Џинот помага при кашлица… Бобинките од смрека соддржат есенцијални масла кои му даваат мазност на џинот. Истата текстура помага при настинки, грип и кашлица. Важно е само да не го чувате џинот во фрижидер бидејќи студот ги убива мирисите и благотворното дејство на маслото. Џин бобинките делуваат како природен лек кој содржи антиоксиданси и антигабични својства. Ако ставите малку ѓумбир во џинот, ќе добиете традиционален холандски лек против кашлица.
  • Добар е за косата, кожата и ноктите….Антиоксидансите во бобинките помагаат кожата да изгледа поздрава. Бобинките од смрека имаат регенеративна функција, па позитивно делуваат на косата, кожата и ноктите. Етеричното масло се користи против првут и за поттикнување на растот на косата, а особено е добар за кожата на лицето бидејќи ги стеснува брчките. Можете да додадете малку масло во лосион за тело, пилинг или маска.
  • Ги ублажува менструалните болки… Бобинките од смрека, вклучувајќи го и џинот, се одлични за здравјето на жените. Народната медицина вели дека „џин-супата“ е одлична за лекување на инфективни и воспалителни процеси во карлицата. Поради неговата способност да ги регулира хормоналните нивоа, џинот може да ги ублажи менструалните болки. Исто така, репродуктивните процеси кои може да ги поттикне џинот го зголемуваат либидото и го забавуваат стареењето.

  • Џинот може да го продолжи животот… Џинот помага за подобра циркулација на крвта, а тоа е клучот за подолг живот. Флавоноидите содржани во џинот го намалуваат бројот на хронични болести, како што се кардиоваскуларните болести, карциномот и невролошките нарушувања, според Националната медицинска книга на САД.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Џинот е сепак алкохолен пијалок. Како и секој алкохол соддржи големо количество шеќери и не се препорачува да се пие во големи количини, особено ако внимавате на својата килажа! Најчесто во Македонија и на нашите простори се меша во комбинација со тоник или битер, што додатно ја влошува калоричната и енергетска вредност. Затоа наша препорака а една до две чаши чист џин, на собна температура со многу лимон или лимета… На здравје!

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.