Пет едноставни методи кои ќе им помогнат на сите оние кои често се поспани и уморни

Движете се и истегнете се

Овие методи се многу едноставни и ефективни

Некогаш е тешко да се избегне ЧУВСТВУВАЊЕТО НА ПОСПАНОСТ, а подеднакво е тешко да се остане буден во такви моменти. Сепак, постојат начини на кои можете да си помогнете кога се чувствувате многу поспани. Овие методи се многу едноставни и ефективни и можат да помогнат во ублажување на чувството на поспаност.

Движете се и истегнете се
Вклучувањето во физичка активност или истегнување може да го зголеми протокот на крв и да ги разбуди мускулите. Дури и кратка прошетка или лесно истегнување може да ви помогне ако често сте поспани, пренесува Health Shots.

Останете хидрирани
Ако се чувствувате поспано, испијте чаша вода за да го хидрирате телото и да ги освежите вашите сетила. Дехидрацијата може да придонесе за чувството на замор, па затоа е добро, во случај на замор доколку не сакате да спиете, да пиете вода или некој друг пијалок кој ќе ви ја подигне енергијата.

Консумирајте пијалоци кои содржат кофеин
Испијте шолја кафе или чај за да го искористите ефектот на кофеин кога сте уморни. Сепак, се препорачува да не се претера со внесување на премногу кофеин, бидејќи тоа може да доведе до нервоза или да го наруши сонот подоцна, пренесува Health Shots.

Излезете на воздухот и на сонце
Изложеноста на сончева светлина може да помогне во регулирањето на внатрешниот часовник и да му сигнализира на телото да се разбуди. Затоа, ако се чувствувате уморни, излезете надвор и поминете некое време на отворено или накратко седнете покрај прозорецот за да се изложите на природна светлина.

Дремете кратко
Ако ниту еден од советите не помогна, секогаш можете да дремнете кратко. Се препорачува да дремнете помеѓу 10 и 20 минути, а таквата кратка дремка може да ја подобри будноста и когнитивните функции без да предизвика поспаност предизвикана од сонот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.