Оваа убавица е кума на Новак Ѓоковиќ: Пред две години се омажи за фудбалер, а еве што прави (ВИДЕО)

Свечено ги крсти своите деца

Невен се ожени со убавата Наташа во април 2022 година

Изминатото лето најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ свечено ги крсти своите деца Тара и Стефан во манастирот Острог. Неговите деца ги крсти патријархот Порфирије, во присуство на членовите на семејството и кумовите.

Кум на крштевката беше Невен Марковиќ, поранешен фудбалер кој кариерата ја заврши во Лехија во Полска во 2016 година, а тој го крсти синот на Новак Стефан, додека малата Тара ја крсти Маја Кремиќ, најдобрата пријателка на Јелена и директорка на фондацијата Ѓоковиќ.

Невен се ожени со убавата Наташа Дерикоња во април 2022 година, а претходно беше во брак со српската манекенка Александра Танасковиќ.

Тие се венчаа во 2015 година и од тој брак ја добија ќерката Ина, но во 2020 година сепак дојде до разделба.

Својата среќа ја најде покрај Наташа која плени со неверојатна убавина.

Оваа шармантна жена своевремено за босанските медиуми откри дека потекнува од работно и хармонично петчлено семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasa Derikonja (@natashaderikonja)

Покрај тоа што е многу успешна во манекенството, дипломирала и архитектура на Техничкиот факултет во Нови Сад, но тоа не го работи.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.