Роднини по бабина линија: Малкумина знаат дека оваа популарна водителка е роднина на Амиџиќ (ВИДЕО)

Испукани околу 300 куршуми

Со него загинаа и неговите колеги

Огњен Амиџиќ љубовта кон новинарството и телевизијата ја наследил од татко му Зоран, кој работел како новинар во РТС.

Зоран Амиџиќ бил мајстор во својата работа, а трагично настрадал на новинарска задача, кога во неговиот автомобил биле испукани околу 300 куршуми. Заедно со него загинаа и неговите колеги Бора Петровиќ, снимател, Дејан Милиќевиќ, помошник на снимателот и Сретан Илиќ, уредник на Радио Шабац.

Огњен од својот татко наследил голема љубов кон оваа работа, но малкумина знаат дека во нивното семејство има уште едно популарно ТВ лице.

Во прашање е познатата водителка Александра Јефтановиќ, која во текот на својата богата кариера учествуваше во различни ТВ формати, а со својот братучед Огњен го водеа реалното шоу „Фарма“.

Амиџиќ во една прилика ја разјасни нивната поврзаност, па откри дека неговата прабаба се презива Јефтановиќ.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.