Славниот актер преку ноќ останал без мајка си: „Доживеав траума, мислев дека ќе се врати, но…“

Ја чекал со години

Фото: Lisa Maree Williams / Getty Images

Хју Џекмен искрено за животот откако го напуштила неговата мајка.

Хју Џекмен отсекогаш бил искрен со своите обожаватели. Актерот отворено зборуваше за многу теми од приватниот живот, вклучувајќи ги и болните, кои оставиле траума врз него.

Па така, Џекмен повеќепати јавно апелира за заштита на кожата од штетните УВ-зраци, откако и самиот се избори со карцином на кожата, а иако најчесто го гледаме насмеан на фотографиите на кои позира со својата 13 години постара сопруга, децата и пријателите, сепак славниот Вулворин откри дека во детството доживеал голема загуба  која оставила длабок белег…

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman)

Имено, популарниот актер со години оди на психотерапија, а меѓу другото, една од причините е и напуштањето од страна на неговата мајка.

Роден во Сиднеј од британски родители кои се преселиле во Автралија во 1967 година, Хју растел заедно со своите браќа и сестри сѐ додека нивните родители се развеле. Нивната мајка Грејс заминала во Англија, заедно со двете негови сестри. Хју останал во Австралија заедно со својот татко и двајцата браќа.

Останав во Австралија со татко ми и браќата. Ми беше тешко. Но, знаете, мојот татко беше секогаш тука за нас и беше многу добар. Не можам ни да замислам како му било кога морал да се грижи за нас сам и да нѐ израсне. Мислам дека јас не би можел да го издржам тоа. Потребни ви се челична волја и сила. Никогаш во животот не сум го слушнал да се жали дека му е тешко – раскажа Џекмен за Great British Life.

Тој и порано откри дека преку ноќ останал без својата мајка и не криејќи како ова искуство влијаело на неговиот живот.

Доживеав траума. Мислев дека ќе се врати. Но тоа траеше и траеше – се присетува тој.

Дури кога наполнил 13 години, сфатил дека неговата мајка никогаш нема да се врати.

По некое време, Хју ѝ простил на Грејс за тоа што го оставила да порасне без неа. Најмногу му помогнала психотерапијата со која започнал на повозрасни години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman)

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.