Коронавирусот доведува до губење на слухот

Покрај белите дробови и нервниот систем, коронавирусот е способен да го нападне и внатрешното уво.

Оние што прележале ковид-19 често се жалат на симптоми што укажуваат на нарушување на сетилото за слух, но научниците дури неодамна се осврнаа на ова прашање. Тие гледале примероци од ткиво на внатрешно уво и модели на клетки.

Фото: Pexels

Се испоставило дека два типа рецепторни клетки се особено подложни на оштетување: оние што примаат звучни сигнали и оние што учествуваат во одржувањето на рамнотежата. При прегледувањето пациенти со коронавирус се покажало дека оштетувањето на слухот е поврзано со оштетување на клетките од овој тип.

Сè уште не е јасно како точно ги напаѓа коронавирусот, но научниците веруваат дека овој вирус може да навлезе во клетките на внатрешното уво преку носот и преку кранијалните нерви на мозокот.

Извор: Руски доктор

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.